Филипче: Собирот е непочитување на здравствените работници и големо разочарување

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, реагира на собирот во Струга кој се одржа за време на пандемијата со коронавирус.

„Сцените кои ги гледам денес од Струга се крајно разочарувачки за мене. Ги толкувам единствено како целосно непочитување на здравствените работници и сите кои деноноќно работат за да ја надминеме кризата. Од почетокот постојано повторувам дека без поддршка од граѓаните, здравствените работници не можат да направат ништо. Буквално ништо. Ако сакаме да го задржиме овој позитивен тренд мора ги почитуваме мерките без исклучок. Исто така, барам да се спроведе истрага како се дозволило да се случи ваков вид на собир кој е строго забранет. Апелирам до граѓаните да се воздржат од било какви собири за да конечно почнеме да го враќаме животот во нормала“, напиша Филипче на Фејсбук.

Оваа реакција на министерот Филипче доаѓа откако стружани и МПЦ попладнево ја одржаа традиционалната литија во Струга.

Стотици граѓани шетаа низ струшките улици, дел од нив со маски, но без одржување на препорачаната дистанца од два метри. Ваквиот чин предизвика револт кај јавноста, која го осуди ова однесување.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски