Филипче се сретна со директорите на ковид-центрите околу новите капацитети

Од:

Министерот за здравство д-р Венко Филипче попладнево се сретна со д-р Александар Трајановски, директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) и со директорите на ковид центрите од комплексот Мајка Тереза.

Оваа средба беше редовна коориданција околу отворањето на новите болнички капацитети за ковид пациенти во склоп на хируршките клиники. На сотанокот се разговараше за реализација на новиот ковид оддел во склоп на ТОАРИЛУЦ, кој ќе биде активиран ако за тоа има потреба, а согласно епидемиолошката состојба во државата и бројот на пациенти кои бараат хоспитализација.

Во моментов околу 500 легла има во ковид центрите во Скопје, со план за дополнителни 100 кревети на ОРЛ и на хируршките клиники. Дополнителни 100 кревети ќе се обезбедат и од страна на приватните болници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

По прес-конференцијата на Филипче: „Во паника е дека се одмотува клопчето, сите се криминалци, само тој е чесен“

Филипче: Ја погребаа партијата, нека ми се тргнат од патот, нека не ми држат лекции

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот

ВИДЕО: Па може ли таков идиот да е човекот комплетен, да нè изолира целосно, Филипче за Мицкоски