Филипче: Се наоѓаме пред историски избор – патриотски чин да ја обезбедиме иднината

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска беше во посета на општина Кочани и општина Оризари при што на средбите со граѓаните им го честита 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија на сите граѓани.

-Македонија помина низ многу крстопати и во клучните моменти секогаш избираше иднина. Горди сме на референдумот од 1991 година, како важен историски момент од борбата за нашата независност и државност. На 8 септември избравме самостојност, мир и стабилност. Нека ни е честит Денот на независноста на Република Македонија и догодина да го прославиме како членка на НАТО и на сигурен пат кон европското семејство!

Тој рече дека пред 27 години Македонија се избори за својата независност, остварувајќи ја вековната борба на нашите предци. Денес сме на само 20тина дена пред уште еден историски избор. Пред еден патриотски чин – да се грижиме за подобра иднина. Ние избираме да одиме напред, преку членство во НАТО и ЕУ. Не сакаме да останеме заглавени во неизвесност, ризик и изолација.

Филипче на средбите им порача на жителите на Кочани дека придобивките од членството на Македонија во ЕУ и НАТО се огромни.

-Досега за Koчани од фондовите на ЕУ се издвоени околу 4 милиони евра. Проектите на ЕУ во општината се фокусирани во земјоделието и рурален развој, образование, вработување и социјална заштита. Во мала општина ваквата директна помош може да постигне многу. Вие тоа најдобро го знаете. Со почетокот на преговорите со ЕУ, забрзано ќе расте и економската соработка со соседна Бугарија, што е значајно за овој регион. Повеќе трговија, туристичка размена, нов граничен премин, а потоа, конечно, и крај на границите.

Ова е историска можност, порача Филипче, а нашите млади заслужуваат подобра иднина како рамноправни граѓани на Европа. Заеднички да го направиме следниот патриотски чекор за нашата држава, носејќи правилна одлука.
-Патриот си ако го сакаш најдоброто за својата земја, за своето семејство, за луѓето околу себе. Пред 27 години избравме да бидеме дел од демократскиот свет за да создадеме можности за подобар живот за нашите деца. Како резултат на тоа, денес имаме горди граѓани и држава која е на вистинскиот пат. Време е за нова правилна одлука, време е да излеземе ЗА европска Македонија! – потенцираше Филипче денеска на граѓанската трибина во Оризари!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов