Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е паднат за 20%

Од:

Станува сѐ појасно дека ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните дека по нивната победа ќе дојде подобар живот. Наместо тоа, Македонија денес е држава во длабока економска и социјална криза, со пад на животниот стандард и осиромашени граѓани, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на средба со членови и граѓани во Свети Николе.

„Ветуваа подобар живот во горда Македонија. Но, Македонија денеска е понижена држава, со понижени работници, со економија која оди во амбис поради погрешните политики на владата,“ рече потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој посочи дека вистинската слика не се крие зад табели и статистики.

„Ги слушам со отчет и бројки за економијата во кои никој не верува. Денес има само неколку факти кои ги рушат сите нивни лаги. За 20% е намалена купвната моќ на граѓаните. Ние сме претпоследна земја по минимална плата во Европа и последна по куповна моќ. Граѓаните ова го знаат и го чувствуваат, се останато што говори Владата е чиста манипулација,“ истакна Филипче.

Филипче алармираше и за огромното задолжување кое Владата го прави без никаква транспарентност.

„Креираа долг од 7 милијарди евра кои ќе го враќаат нашите деца за сопствени бизнис проекти. Пари позајмени без контрола кои ќе се доделуваат на компании по нивен избор. Се случува грабеж на столетието за кој кога тогаш ќе мора да одговараат,“ рече Филипче.

Во изјавата, тој го потенцираше и значењето на директниот контакт со граѓаните и поддршката од членството.
„Ми беше чест денес да бидам меѓу граѓаните и членовите во Свети Николе. Одличната енергија и ентузијазам кај нашите членови ми влева надеж дека СДСМ е на вистинскиот пат,“ истакна Филипче.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он