Филипче: Полициски час засега нема, но поригорозни мерки се во план ако граѓаните не бидат дисциплинирани

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека постои можност за воведување на поригорозни мерки, како што се ограничување на движењето на граѓаните и намалување на работното време на угостителски објекти, доколку се зголемува бројката на новозаразени и постои опасност од ширење на коронавирусот.

Според него, засега не е планирано воведување на полициски час.

„Ова дефинитивно значи дека кога секој ќе носи маска или марама, ќе го избегнеме оној ризик за трансмисија од тие мини-групирања. Затоа ние апелираме да се избегне секакво групирање, семејни васелби и слави, бидејќи доаѓа ваков период. Поригорозни мерки планираме и тие вклучуваат скратување на работно време на угостителските објкекти, бидејќи тоа е ризик кој тешко се контролира, скратување и рестрикции во движењето, а во некој регион или општина, доколку има голем број заболени, дури и целосна контрола на тој дел од државата. Тука се подразбира – доколку има проблeм во одредена фабрика, затварање на фабрика или училиште, или пак со превоз, ќе се носат поригорозни мерки. Од полициски час сме засега далеку и не е во план“, рече Филипче.

Министерот апелира за време на „викендот без ДДВ“ граѓаните и трговските објекти да се држат до протоколите, затоа што според него, така нема да има опасност од ширење на вирусот и оптоварување на здравствениот систем. Министерот рече и дека мерката за носење маска за отворено е задолжителна за сите, вклучувајќи ги и хронично болните.

„Се консултиравме и со искусни пулмолози и тие ни посочија дека нема опасност за хронично болните и воедно ова мерка ќе важи и за нив. Сметаме дека таа мерка дека е најважна и затоа бараме сите да се придржуваат на неа“, додаде Филипче.

Според министерот, не постои опасност од увоз на вирусот од граѓаните кои ќе влегуваат во државата на граничните премини, затоа што бројките покажале дека најголем индикатор за ширење на вирусот е локалната трансмисија меѓу населението.

„На почетокот на кризата имаше увоз на вирусот. ПЦР тестови на границите сега има и не гледам опасност тука. Локалната трансмисија е најголем проблем. Од преминување преку границите до 3% од луѓето кои патувале се заразиле надвор од државата, што е навистина мала бројка. Транзит преку границите не е ризик, затоа што секаде во регионот е слична епидемиолошката слика “ рече тој.

Во однос на бројките, Филипче рече дека е лажна вест оти се политизира кризата со коронавирусот и дека бројките не се реални.

„Не гледам политичка причина да не се покаже реалната бројка на заболените, не би требало оваа криза да се политизира. Досега успешно и транспарентно ја менаџираме кризата и во тој правец ќе продолжиме“, порача Филипче.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

За Филипче, скандалот со АНБ пукна како петарда во раката на ВМРО-ДПМНЕ – Мицкоски упатува на Обвинителството

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

Филипче: Мора да продолжиме по европскиот пат, резолуцијата за ЕУ ќе биде гаранција за заштита на националните интереси

(ВИДЕО) Филипче: На чекор сме од Европа, тој чекор мора да го направиме сами, но заедно и обединето

(ВИДЕО) Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација