Филипче од Штип: Победата на Стево е победа на напредокот и позитивните промени

Од:

Членот на Централниот одбор, Венко Филипче и потпретседателот на СДСМ, Благој Бочварски вчера во попладневните часови беа со граѓаните на општина Штип.

На средбите, Филипче со граѓаните разговараше за повеќе актуелни теми, за претстојните претседателски избори, како и потребата државата да добие вистински претседател на сите граѓани кој ќе ги застапува државните и национални интереси.

– На претстојните претседателски избори, граѓаните ќе донесат вистинска и правилна одлука со која сите ќе се гордееме, Стево ќе биде новиот претседател на Република Северна Македонија. Нашата држава добива претседател за сите граѓани. Претседател кој обединува, кој ќе го почитува секој човек и претседател кој ќе биде вистински чувар на мирот, гарант на стабилноста. На Северна Македонија и е потребен човек каков што е Пендаровски, порача Филипче.

На средбите, членот на ЦО на СДСМ по функција, Филипче повика граѓаните да дадат поддршка за заедничкиот кандидат за претседател Пендаровски, бидејќи неговата победа, значи победа на позитивните промени, победа на напредокот и концептот едно општество за сите.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски