Филипче: Нема да дозволиме изборен грабеж, нашиот став е принципиелен

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата останува на своите принципиелни позиции во однос на измените на Изборниот законик и нема да поддржи решенија кои, според него, отвораат простор за изборни манипулации и „изборен грабеж“.

Филипче оцени дека предложениот начин на гласање за дијаспората не обезбедува еднакви услови за сите гласачи.

„Зошто да има различно гласање за дијаспората и за луѓето што живеат во земјата? Зошто ние овде да оставаме фингерпринт, а некој да гласа електронски или по пошта? Нека гласаат еднакво како што сите ние гласаме“, рече тој.

Според него, со ваквите предлози Владата неоправдано ги изложува граѓаните во дијаспората на сомнежи дека би можеле да бидат поврзани со евентуални изборни нерегуларности.

Филипче изнесе забелешки и за предложените измени во надлежностите на Државната изборна комисија, оценувајќи дека не е логично ДИК да биде ограничена во одлучувањето само на приговорите внесени во записниците.

Тој изрази сомнеж и за предложените измени во начинот на обележување на гласачкото ливче, оценувајќи дека тие можат да создадат простор за различни толкувања и можни злоупотреби.

„Секогаш ќе бидеме конструктивни кога станува збор за вакви закони, но не по цена да отвориме врата за изборен грабеж“, порача Филипче.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски