Филипче на неформална средба на министрите за здравство од ЕУ во Софија

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче престојува во Софија каде што учествува на неформална средба на министрите за здравство од Европска унија, на покана од бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев.

Министерството за здравство на својата веб страница објави дека ова е прва ваква покана, како и присуство на министер за здравство од Република Македонија на состанок со министрите за здравство од Европска унија.

Можноста за размена на добри практики со земјите на ЕУ се од голема важност за нашата земја. Бугарија како земја домаќин и претседавач со Советот на ЕУ ја организира оваа средба која вклучува дискусија за здрава исхрана за децата – здрава иднина на Европа и здравјето како вистински победник: ефикасност, достапност и пристапност на лековите, посочуваат од Министерството.

Министерот за здравство на Бугарија, Ананиев истакнал дека лошата исхрана и слабата физичка активност се најголеми ризик фактори кои придонесуваат за зголемена телесна тежина и дебелина во Европа. Европскиот регион е погоден од незаразни болести како дијабетес тип 2, хипертензија и кардиоваскуларни заболувања кои се директно поврзани со лоша исхрана и физичка неактивност.

– Зголемената телесна тежина и дебелината кај децата се сериозен јавно здравствен проблем. Заеднички градејќи добри практики и обезбедувајќи опциите за здрава храна да се лесно достапни и пристапни, како и со подобрување на практикувањето на физичка активност кај децата, можеме да обезбедиме здрава иднина за нашите деца, посочил европскиот комесар за здравство и безбедност на храна, д-р Витенис Андриукаитис.

Жоао Бреда од Европската канцеларија на СЗО за превенција и контрола на незаразните болести, ја презентирал регулативата која вклучува обврска за етикетирање на алкохолните пијалаци, односно обезбедување листа на состојки и нутритивните вредности на нив, со што ќе им се овозможи на потрошувачите да имаат информирани избори за продуктите кои ги купуваат.

На неформалниот состанок, исто така, ќе се разговара за фармацевтските политики, со фокус на ефикасноста, достапноста и пристапноста на лековите, вклучително и во контекст на финансиската одржливост на здравствените системи.

Министерот Филипче, покрај учество на состанокот, ќе се сретне со министрите за здравство од европските земји, како и со европскиот комесар за здравство и безбедност на храна, д-р Витенис Андриукаитис.

На средбите ќе бидат разменети мислења за иднината на здравствената заштита во Европа, можноста на Република Македонија како земја членка кандидат во Европска унија да соработува со земјите членки во ЕУ во делот на едукација, спречување и контрола на незаразни болести поврзани со исхраната во целиот европски регион и подобрување на политиките за лекови усогласувајќи ги со европските политики, информираат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Јотова со мала разлика пред Ѓуров во вториот круг на претседателските избори во Бугарија

Бугарија избира претседател

Катерина Ѓуровски

Убиен бугарскиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев: Тројца осомничени уапсени на автопат

Предраг Петровиќ

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски