Филипче: Мајката кај која посмртно беше откриен коронавирус и синот од Велес починале во март, не во јануари

Од:

Мајката и синот кои на шести април беа пронајдени мртви во Велес, починале во текот на март. Полицијата ги пронајде мртви откако соседите пријавиле дека од станот се шири смрдеа, а посмртно во дишното стебло на мајката беше откриен коронавирус.

Поради претпоставките дека мајката и синот починале во јануари оти соседите не ги забележале надвор од тогаш, министерот рече дека е можно коронавирусот да бил присутен во Македонија и пред првиот регистриран случај на 26 февруари.

Денес министерот Филипче извести дека нема да прави дополнителни истражувања во оваа насока оти обдукцијата покажала дека мајката и синот починале во текот на март.

„Заврши увидот на Институтот за судска медицина на мајката и синот кои беа најдени починати во стан во Велес. Според сите анализи состојбата на телата, амбиенталните услови, сите информации кои ги добија докторите од Институтот за судска медицина, констатирано е дека смртта настапила пред три до пет недели од моментот на пронаоѓање. Тоа е практично во текот на март, а не во јануари како што иницијално тоа беше споменато. Согласно тоа, нема некој посебен интерес да се прават дополнителни истражувања согласно актуелната состојба со вирусот Ковид – 19“, рече министерот Филипче. Работата на овој случај продолжува за да се утврди причината за смртта на мајката и синот.

Министерот рече дека се прават хистопатолошки и токсиколошки анализи по што ќе се финализира целокупниот наод и извештај на Институтот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%