Филипче: Лекарската комора ги следи антиваксерските објави на докторите и ќе излезе со став

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека Лекарската комора ги следи написите на оние доктори кои се против вакцинацијата и најави дека ќе излезе со свој став.

– Лекарската комора сериозно ги анализи овие написи и ќе излезе со свој став, истакна Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали има законска можност да се санкционираат докторите антиваксери.

Во однос на граѓаните кои протестираат против вакцинацијата, Филипче рече дека ги слушаат сите ставови, но оти досега не слушнале издржан аргумент против вакцинирањето.

– Ги слушаме сите ставови. Досега не сме слушнале издржана контрааргументација во однос на вакцинирањето. За жал, сите протести се проследени со навреди и со закани. Истовремено, имаме број на граѓани кои се вакцинираат, 12 до 13 илјади граѓани кои се вакцинираат на ден. И тоа е сериозен глас на народот, подвлече Филипче.

Би можело да ве интересира

Демири: Ако треба, ќе се донесат законски измени за казнување лица кои поттикнуваат кампањи против вакцинација

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември