Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната средба со граѓани во Прилеп, остро ја критикуваше економската политика на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е пример за водење лоши економски политики кои ја туркаат државата во криза.

„Како ВМРО-ДПМНЕ ја менаџира државата? Никако. Тие се класичен пример за тоа како не се води држава – со лоши економски политики. Со цени коишто растат, без никаква иницијатива од Владата и покрај сите механизми коишто ги имаат да ги исконтролираат. Дадено им е на маркетите отворени раце да прават што сакаат. Нема никаква иницијатива за да растат платите,“ рече Филипче.

На маалската средба, Филипче ја осуди изјавата на министерката за финансии дека инфлацијата не може да се контролира ако растат платите.

„Излегува министерката за финансии и вели: ако растат платите, не може да се контролира инфлацијата. А што им кажува на граѓаните? Бидете гладни за во државава да нема инфлација. Јас не знам како не ѝ е срам. Не знам со кој образ излегува да го каже тоа. Ние ги зголемувавме платите во најголемите кризи,“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Филипче од Свети Николе: Криминалната власт ги остави граѓаните без помош, а земјоделците ги извиси

Филипче: Се сомневам дека оваа влада воопшто сака да го продолжи европскиот пат

Филипче: Недостигаат милијарда евра за исплата на пензии

Филипче: Една недела Мицкоски на екскурзија во САД, а ниту една конкретна средба или резултат за Македонија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он