Филипче ќе преговара „Торлак“ да стане наш стратешки партнер за набавка на вакцини

Од:

Следната недела Министерството за здравство ќе преговара за српскиот Институт за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ да стане наш стратешки партнер за набавка на вакцини. Иако во моментов нема да се прават нови нарачки на вакцини, партнерството е за да се обезбеди извор на вакцини доколку за тоа се појави потреба.

„Во вторник заедно со претставници од Министерството за здравство одиме во официјална посета на Белград. Ќе се сретнеме со министерот Лончар и со директорката на Институтот ’Торлак’.Ќе разговараме и за некаков стратешки план за набавка на вакцини од Институтот ’Торлак’. Во овој момент не ни се потребни, но гледаме како се одвива работата со пандемијата. Има разни најави. Не можеме да претпоставиме како ќе се одвива и сметам дека е најлогично решение Институтот ’Торлак’ да ни биде стратешки партнер во делот на набавка на вакцините понатаму, кога ќе треба согласно тоа како ќе се одвива пандемијата“, рече министерот Филипче.

Српскиот Институт „Торлак“ во средата почна да ја произведува руската вакцина „спутник В“.

Министерот Филипче вчера извести дека, засега, нови количини вакцини нема да се набавуваат оти е договорена набавка на 2,6 милиони дози од различни производители одговарајќи на новинарско прашање дали се преговара за нова набавка со „Торлак“.

На состанокот во Белград, министерот Филипче рече дека ќе разговараат и теми во делот на соработката која ја имаат надвор од прашањето за вакцините како што е доажањето нивни експерти кај нас во делот на гинекологијата, неонатологијата како и во делот на кардиохирургијата.

Би можело да ве интересира

Михаилов: Силен пожар од Србија се приближува кон Македонија

А1он

По забраните за српски пејачи во Хрватска и БиХ, сега се бара забрана за Дино Мерлин во Србија

Предраг Петровиќ

Хрватска поднесе обвинение за шпионажа против воен пилот и државјанка на Србија

Предраг Петровиќ

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација

ВИДЕО: Зеленски пристигна во Белград