А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Филипче ја поздрави одлуката за прогласување вонредна состојба

by А1он18/03/2020 - 20:33577
Share0

Министерот за здравство, Венко Филипче, ја поздрави одлуката на претседателот Стево Пендаровски да прогласи вонредна состојба.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Сега Владата ќе може брзо и ефикасно да управува со ресурсите на државата и навремено да реагира на предизвиците кои ни претстојат и на здравствен и на економски план“, напиша министерот на социјалните мрежи.

Тој образложи дека вонредната состојба значи дека Владата добива и законодавна и извршна власт. Со тоа, како што посочува министерот, се олеснува работата на Владата во време на кризи и истата може да носи одлуки за добро на граѓаните многу побрзо и поефикасно, а тоа се прави преку носење уредби со сила на закон, кои важат само додека трае вонредната состојба.

Во однос на тоа дали ќе има полициски час или ограничување на движењето, министерот кажа дека во овој момент нема таква одлука и упати апел до граѓаните да ги следат сите понатамошни одлуки на Владата, со цел информирање за евентуални ограничувања на движење.

Следете a1on на Youtube YouTube

Министерот дополнително посочи во статусот дека во државата има доволно резерви на храна.

„Останете во своите домови, не излегувајте доколку немате потреба и купувајте онолку колку што ви треба“, напиша министерот Филипче и повтори дека сите треба да се придржуваат до мерките и препораките, со цел побрзо и полесно надминување на состојбата.

koronavirus mkdvenko filipcevonredna sostojba

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Горан Наумовски26/10/2026 - 13:33

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 11:55

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 09:43

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:1619/10/2026 - 13:35

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он15/10/2026 - 20:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео