Филипче: Извештајот за смртта на мајката и синот од Велес не е завршен, сите што имаат информации службено да ги достават

Од:

Сите што имаат информации кои може да помогнат за расветлување на случајот со смртта на мајката позитивна на Ковид-19 и нејзиниот син од Велес, треба по службен пат да ги достават до Институтот за судска медицина, рече министерот за здравство, Венко Филипче. Неговиот повик за соработка доаѓа откако министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, јавно кажа дека МВР има податоци кои говорат дека мајката и синот починале во јануари или на почетокот на февруари, а не во март како што објави министерот, согласно извештајот од Институтот за судска медицина.

„Ја слушнав изјавата. Сите институции што имаат информации за овој случај мислам дека треба да соработуваат меѓу себе. Ако има досега несподелена информација тоа треба да го направат по службен пат, посебно имајќи предвид дека таму Судска медицина имаше и дополнителен увид за да се утврди времето на смртта. Не е завршен извештајот од Судска медицина.

Извесно е дека смртта настапила неколку недели пред да бидат пронајдени телата. Информациите на МВР за телефонските разговори се предмет на соработка меѓу институциите во рамките на нивните ангажмани. Судска медицина соработува со МВР и со Обвинителството постојано, а така очекуваме да биде и сега“, рече министерот Филипче и нагласи дека во Институтот за судска медицина работат врвни и докажани експерти.

Епидемиолозите го оценија случајот како контроверзен оти отвори сомнеж за постоење на вирусот и пред да биде регистриран првиот случај, но откако Судска медицина утврди дека смртта настапила три до пет недели од пронаоѓањето на телата министерот Филипче соопшти дека нема да се прават дополнителни анализи за постоењето на вирусот оти смртта настапила во текот на март.

Мајката и синот на шести април беа пронајдени мртви во стан во Велес. Полицијата ги пронајде откако соседите пријавиле дека од станот се шири смрдеа, а посмртно во дишното стебло на мајката беше откриен коронавирус.Соседите се посомневаа дека починале во јануари бидејќи од тогаш не ги забележале мајката и синот.

Вчера, пак, СВР Велес извести дека полицијата добила известување од „Електродистрибуција“ Велес дека броилото покажало дека во станот последен пат е забележана потрошувачка на струја во јануари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски