Филипче: Гледаме реприза на кампањата од 2021 на ВМРО-ДПМНЕ, мега лаги за мега проекти

Од:

Кисела Вода е запуштена, а ѓубрето во Расадник се гледа од Центар. Парковите се полни со смет и го слушам градоначалникот Орце, градоначалникот на Кисела Вода, сега кандидат за градоначалник на Скопје, ќе го исчистел Скопје за 72 часа. Па зошто бе не исчистиш Кисела Вода, Орце? Што правеше до сега?”, праша претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом” во Кисела Вода.

Тој додаде дека кампањата за овие избори од штабот на ВМРО-ДПМНЕ е реприза на онаа од минатите избори, со исти мега лаги и проекти, потенцирајќи дека на Скопје и на Кисела Вода не им требаат нови неспособни градоначалници и партиски послушници.

-Истите лаги, и пред 4 години, и лани, и сега, кампањата од нивниот штаб е едноставно реприза. Мега лаги. Нешто друго, рече Филипче.

– Човек кој самиот вели дека за него Мицкоски е бог. Последното нешто што на Скопје му треба е партиски послушник кој ќе ги спроведува неговите бизнис интереси. Истото важи и за Кисела Вода. Оној кој заминува остава свој послушник за кандидат во Кисела Вода. ВМРО-ДПМНЕ поинаку не знае освен по секоја цена да се задржат истите луѓе, за да може да ги спроведуваат истите криминални активности, рече д-р Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом” во Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нашиот стратешки партнер САД ја намали воената помош за земјата зашто знае каква власт нè води

Филипче: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ поднесе закон, минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски излажа, прославата за независноста чини 5 милиони евра народни пари

Горан Наумовски