Филипче да достави оставка до Собранието до вторник, во спротивно ВМРО-ДПМНЕ ќе бара разрешување

Од:

ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе до Собранието предлог одлука за разрешување на министерот за здравство, Венко Филипче и на неговиот заменик, Илир Хасани, рече на денешната прес конференција лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски.

„Даваме рок во вторник претпладне, министерот за здравство и неговиот заменик, да ги достават своите оставки до Собранието, за да може тие да бидат констатирани на почетокот на веќе закажаната седница истиот ден. Ако не бидат доставени пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, со понуда за соработка и од другите пратенички групи, ќе поднесе до Собранието предлог одлука за разрешување на министерот за здравство и на заменикот“ – рече Мицкоски.

Мицкоски вели дека министерот за здравство дал оставка до премиерот, а не до институцијата која го избрала, а тоа е Собранието.

„Оставив три дена, ако се неспособни, не мислев дека ќе бидат неморални. За жал оваа власт ги покажа и двете“, рече Мицкоски.

Лидерот на опозицијата вели дека за трагичниот настан во тетовската ковид болница треба да има истрага која ќе одговори на повеќе прашања.

„На кој начин и со каков квалитет е градена болницата, зошто немало ПП апарати, систем за противпожарна заштита, зошто роднините на пациентите се грижат за пациентите и дали тоа е недостаток на медицински персонал. Бараме истрага која ќе биде објективна. Наспроив тоа имаме информации Зоран Заев добивал детали од истрагата, и не се крие дека е во координација со обвинителите. Тоа се вика заробена држава. Хибридниот режим е минато, сега влегуваме длабоко во заробената држава. Истрагата треба да сезанимава предизвикуваат смртни последици, таа истрага предводена од СДСМ обвинители, на дневна база информира премиерот, кој е бизнис партнер со министерствоо за здравство и секако постои опасност да бидат поделени тие информации“ – рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче