Филипче: Ангажманот на здравствените работници во избирачките одбори може да се менаџира

Од:

Mинистерот за здравство Венко Филипче изјави денес дека ангажманот на здравствените работници во избирачките одбори „може да се изменаџира“, откако Синдикатот на Клиничкиот центар ги повика надлежните да ги поштедат здравствените работници од учество во одборите.

„Мислам дека доколку има потреба и доколку се потребни на работните места каде сега се целосно ангажирани, на третман на пациентите со Ковид-19, во оној систем на ротација може да се ослободат. Не работат сите лекари и здравствени работници цело време. Тие ротираат. Oколу 3.000 здравствени работници се членови на избирачките одбори избрани во 2016 година. Тие луѓе веќе имаат искуство и дополнително може да имаат искуство и во советите за превентивните мерки што ќе треба да се спроведат на гласачките места,“ рече Филипче.

„Во разговорот претставниците на ДИК рекоа дека бројот на барање за изземање е многу сличен на сите претходни изборни активности. Меѓутоа, мислам дека овој проблем прво не е така голем, меѓутоа ако се наметне, може да се изменаџира и со систем на ротации лекарите да бидат ослободени ако треба,“ додаде министерот, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Скопскиот аеродром.

Во врска со новиот директор на Центарот за јавно здравје, Александар Стојанов, кој доаѓа по разрешувањето на Арбен Зибери, министерот информира дека административна процедура треба да заврши денеска.

„Колку што јас знам, решението е пратено и по пошта, меѓутоа физички новиот директор го примил решението. Мислам дека денеска треба да се заврши таа административна процедура,“ рече Филипче.

На прашањето за пациентка која е на дијализа и е позитивна на коронавирусот, а е хоспитализирана, Филипче објасни дека се појавил проблем со овие случаи.

„Се појави проблем со пациентите кои се на дијализа, а кои се КОВИД-позтивни зашто центрите каде што сега се прави дијализа, се регистрриани како дневни и таму пациентите не може да се лекуваат. Тоа направи мало изместување на утврдената стратегија со давање под концесија на центрите за дијализа. Се наметна ситуацијата сите позитивни пациенти кои треба да прават дијализа, да се лекуваат само во „8 Септември“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on