А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Синдикатот на Клинички центар ги повикува надлежните да ги повлечат вработените во здравствените установи од избирачките одбори и комисии

by А1он29/06/2020 - 14:52500
Share0

Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар соопшти дека неприфатлива е одлуката вработени во јавните здравствени установи, вклучително доктори и медицински сестри во овие моменти да бидат вклучени во избирачки комисии и одбори.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Министерот за здравство, поради недостиг и истрошеност на здравствен персонал донесе колеги од другите градови да помогнат во работниот процес во Градската општа болница „8 Септември и во Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Спротивно на тоа се носи одлука дел од здравствениот персонал од Скопје да биде вклучен во изборниот процес што потенцијално може да придонесе до поголем недостиг на здравствен персонал. Претседателот на ДИК вели дека „имал разбирање и ги оправдувал здравствените работници, но не било законски да се изврши замена“ и дека како и сите други „ќе морале да поднесат барање за изземање од општинските изборни комисии за да може да се одговори на нивните барања“, стои во соопштението.

Со неизземањето на здравствените работници од избирачките места и очигледното префрлање на одговорноста, посочуваат од Синдикатот, институциите на системот може дополнително да придонесат до непосакуван колапс на здравствениот систем.

Од Синдикатот на Клиничкиот центар јавно ги повикуваат надлежните институции преку системско, а не поединечно решение да ги повлечат вработените во здравствените установи од избирачките одбори и комисии.

Следете a1on на Youtube YouTube

Осврнувајќи се на партиите за нивните програми во делот за здравство, од Синдикатот наведуваат дека тие се далеку од нивните јавно искажани заложби за 100.000 денари основна нето плата за докторите специјалисти за која се залагаат и кажуваат дека е реална.

– Далеку сте и од двојното зголемување на платите на медицинските сестри. Другите барања воопшто не ги ни споменувате. Откако со вакви програми дополнително ќе ги натерате докторите и медицинските сестри да ја напуштат државата ќе имате можност да правите реформи во здравството. Се друго, очигледно е само декларативно и служи на вашите партиски предизборни потреби и цели, стои во соопштението од Синдикатот.

sindikat na klinicki centarzdravstvo

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 13:22

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 15:5027/03/2026 - 20:03

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Горан Наумовски06/03/2026 - 12:30

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:55

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Горан Наумовски16/02/2026 - 12:07

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он05/12/2025 - 16:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто