Филе: Со нетрпение очекувам имплементација на препораките од Извештајот

Од:

Еврокомесарот Штефан Филе преку соопштение ја поздрави успешно завршената работа на Анкетната комисија, осебено фактот што извештајот е усвоен со консензус од страна на сите политички партии, и рече дека Европската Комисија е задоволна од ваквиот исход на настаните и дека со тоа Македонија практично го исполни најтешкиот услов од мартовскиот договор и покажа политичка зрелост.

„Ова покажува дека конструктивните решенија можат да се најдат со политичка волја, преку дијалог и компромис. Со нетрпение ја очекувам и имплементација на препораките содржани во извештајот, како и на остатокот од политички договор од први март. Ја ценам голема улога на експертите на Европската Унија кои им помагале на членовите на Комитетот во нивната работа. Постигнатиот резултат од страна на Комитетот помага во решавањето на домашните политички прашања, но исто така, покажува и дека интеграцијата во ЕУ продолжува да биде важен за сите политички партии во земјата“, истакна Фуле.

Новиот развој на состојбите во Македонија ќе се одразат во претстојниот Извештај за напредокот на државата, кој што ЕК традиционално го објавува на 16-ти октомври.

-Ова покажува дека конструктивни решенија може да се најдат, со политичка волја, преку дијалог и компромис.Со нетрпение очекувам да се спроведат и наредните чекори и имплементацијата на препораките содржани во извештајот, како и на остатокот од политичкиот договор од 1 март, вели Штефан Филе.

Инаку, Претседателот Ѓорге Иванов, денеска треба да има средба со Борче Давитковски, претседател во оставка на Ад-хок комисијата за расветлување на настаните од 24 декември. По средбата се очекува Иванов да го изнесе својот став, околу потпишувањето на Извештајот

Би можело да ве интересира

СДСМ: 24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија, по девет години во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето

24 декември – се заборави и се повтори, одговорност никој не понесе

Наум Локоски

ВИДЕО: Насилно исфрлаше пратеници на СДСМ, сведок за 27 април, се уште го обезбедува Собранието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски: 24 декември беше подлога за крвавиот четврток

Наум Локоски

ЦРМ: Одлуката на ЕСЧП е значајна победа во борбата за слобода на изразувањето во Македонија

Ана Ололовска

ЗНМ ја поздрави одлуката на Судот во Стразбур за случајот „Селмани и останати против РМ“

Ана Ололовска