Филе се спогоди со македонските власти, ем да ги помогне, ем да му помогнат да биде Солана.
Агендата на Филе е отприлика ваква: македонската влада да направи извесни отстапки кон албанскиот политички кампус, со што Македонија би била експериментална земја за идните случувања на Балканот, т.е. во земјите на Западен Балкан.
Овде посебно мислам на БиХ, Република Српска и на Србија. Моделот кој би бил применет во Македонија , по дифолт, ЕУ би ги принудила и Србија , Република Српска и Босна да го применат во нивната внатрешна политика во однос на малцинствата.
Владата, има 1 година да воведе ред во државта , да ги имплементира новите закони кои следуваат пред пратениците во Сообранието на РМ и барањата на ДУИ, и најдоцна до септември 2013 година да го заврши пописот на населението, прочистувањето на избирачкиот список, а потоа да распише предвремени парламентарни избори.
Доколку ова би се остварило ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ би имале целосна поддршка од Брисел, дури да ја прегазат опозицијата на септемвриски избори во 2013 година.
Ахмети пак е уште попрецизен, законите би стасале да се изгласаат во декември, а пак изборите да се одржат во март заедно со локалните.
Со тоа би се избегнал заморот на македонското гласачко тело за неколку месеци да има два изборни циклуса и она што следува во предизборието. Поради падот на рејтингот на Груевски веројатно во овој дел има координација.
Лавина на критики доаѓаат кон однесувањето на СДСМ не само од позицијата туку и од дел од интелектуалците и граѓанскиот сектор. Однесувањето на СДСМ е без преседан.
Заглавија во Законот за бранители, избрзаа да го поддржат и да му создадат доволно простор на Ахмети да ги обвини за еднаквост со ВМРО-ДПМНЕ, да го македонизираат парламентот, доволно да се пратат пораки дека Албанците ќе бараат нов Устав (ова од ДУИ), а не сите Албанци, освен ДУИ сите други Албанци се затечени.
Искрено, СДСМ преку албанското прашање неколку пати се обиде да поентира во Парламентот иако сите ги предупредувавме за тоа.
На краток рок нешто успеаја да ќарат, на среден и долг рок, црно им се пишува.
Сега ќе ја откријам агендата, односно развојот на настаните кои би следувале за СДСМ.
Да, драги мои од СДСМ ова се нон-пејперите и стратегиите кои ви се подготвуваат и јас одлучив денес јавно и трансперенто да ви ги соопштам. Без пардон.
ВМРО-ДПМНЕ преку коруптивни упади на нивните тајкуни, или се што може да се искористи, да обезбедат глатко да се изберат кадровски решенија во СДСМ кои би ги загубиле локалните избори, особено во градските средини.
ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди нервоза во пратеничките редови на СДСМ и на следните парламентарни избори да излезе со истата екипа на пратеници кои ќе му гарантираат на Црвенковски преживување на конгресот на 13-ти мај 2013.
Како најпосакуван противкандидат на ВМРО-ДПМНЕ, да биде поразен и на парламентарните избори 2013.
Пари? Да, сто милиони евра ако треба за оваа агенда.
После Конгресот замислиле поделба на СДСМ, едното крило би било финансирано од ВМРО-ДПМНЕ. Или би пробале најмалку да биде поделен на три дела.
Аналитичарите биле и прецизни. Доколку СДСМ ги загуби изборите, нивите активисти и членови ќе бидат толку разочарани и ќе го заборават СДСМ. Тешко е 7 годни во опозиција па уште 4. Нема да издржат.
И од тогаш ќе почне распадот. Без разлика како и што би поминал Конгресот, се би било доцна, за било што да се направи.
Оваа ситуација би се одржувала до 2015, а до тогаш меѓународната веќе ќе почне да гради трета опција.
Да, по сите анализи би била возможна. Распадот на СДСМ и нивниот опозиционен импут па до лошата економска ситуација таму до 2015 би создала за прв пат трета политичка сила која еден ден можеби 2015-2016-та би победила на избори.
Доколку СДСМ влета во оваа замка, искрен да бидам и не заслужува повеќе од ова што го напишав.
Да, Брисел за ова бил информиран месец дена пред доаѓањето на Филе. Затоа неговата репозиционираност и наклонетост кон позицијата. Нека не дебатираат во СДСМ по ова беспредметно.
Сега несакам опозицијата да звучи реакционерно, себеси се сметам за опозиција па никако не можам да го сварам овој експеримент и ќе го цитирам: „Во однос на меѓуетничките односи, Владата почна ревизија на Охридскиот рамковен договор”.
Се прашувам дали е можно да наседнеме на приказна од дипломати од трета класа кои имаат само интенција да играат во прва класа.
Ревизија на Охридскиот рамковен договор? Овде мора некој да е или будалест или има агенда.
Ова го потпишаа во заедничка колумна и Филе и Груевски. Во ваква констелација нема ни ЕУ ни НАТО, додека трае овој експеримент, подарок за Атина, немојте да мислите дека некој во Атина ќе мрдне со малиот прст.
Знаат тие дека доколку се провали овој експеримент,само можеме да претпоставуваме каква и колку ќе биде Република Македонија.
Една агенда на Филе, анти-европска кон Македонија во која и унитарноста на земјата може да биде доведена во прашање. Односно е доведена, а Евро-Атланските интеграции неповратно замрзнати освен во прокламациите на Груевски и Ахмети.
Со ова дефинитивно се одалечуваме од било која агенда на Македонија за НАТО и ЕУ. Жестоки ќе бидат подвојувањата на Македонци и Албанци.Смислено во кујните на две партии: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Нема да има добитници нити еден етникум од двата. Ќе бидат вовлечени во една опасна агенда која ќе биде со каписла.
Даме Чкатроски