Филе: Исполнување на клучните реформи

Од:

По средбата со претседателот Ѓорѓи Иванов еврокомесарот Штефан Филе одби директно да одговори дали одредницата „македонски” во врска со нацијата и јазикот на кој се говори во Македонија ќе се најде во октомврискиот извештај.

„Двајцата се фокусиравме на суштината што треба да се направи за вашата земја да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ и тоа да се случи набрзо, а не подоцна. Нема потреба Иванов да бара од мене поддршка за евроинтегративниот процес на македонската држава, јас го правам тоа оти верувам во проширувањето на ЕУ и верувам дека членството на Македонците во ЕУ ќе го зајакне самиот процес на проширување и од него ќе имаат бенефит сите македонски граѓани“, рече Филе.

Претседателот Иванов, пак, истакна дека во разговорот со еврокомесарот за проширување на Унијата разговарале за се она што Македонија во моментов го прави како исчекор во евроинтегративните процеси. Тој напомена дека му се заблагодарил на Филе за неговиот удел во придвижувањето на овие процеси.

Македонскиот претседател добил потврда од еврокомесарот дека Македонија постигнува релевантни и бројни резултати во повеќе области. Филе го споменал напредокот во делот на спроведувањето на Рамковниот договор, реформите во судството, слободата на изразување во медиумите и во другите сфери. Сето тоа ќе се нотирало и ќе биде дел од октомврискиот извештај на Европската комисија.

Претседателот Иванов повтори дека стои зад својата изјава дека нема да го прими октомврискиот извештај на Комисијата ако во него не стои придавката „македонски”. Сепак, тој потенцираше дека во моментов се посветени на суштината на извештајот и дали се она што го прави Макеоднија ќе се најде таму.

„Затоа, ние очекуваме позитивен извештај и насочени сме кон неговата содржина. Откако ќе го добиеме, ќе кажеме што имаме да кажеме за она што ќе се најде во него“, рече Иванов.

Филе истакна дека имал интересен и пристоен разговор со македонскиот претседател, на кој, како што посочи еврокомесарот, го информирал за најновиот развој на настаните во Македонија.

„Претседателот Иванов ме информираше за неговите и напорите на коалициските партнери во власта за решавање на отворените прашања и наоѓање начин за да се тргне напред. Владата на поранешната југословенска Република Македонија има потреба од исполнување на клучните реформи, што се наоѓа во патоказот во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД). Потребни се активности во јакнење на меѓуетничките односи во земјата, целосна имплементација на Охридскиот договор, да се зајакне слободата на изразување, преку декриминализација на клеветата во медиумите, ревидирање на изборната рамка во согласност со меѓународните стандарди“, изјави Филе.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат