Филе и Ахмети разговараа за извештајот на ЕК и прашањето за името

Од:

Комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, синоќа во Брисел со претседателот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети разговарал за претстојниот прогрес-извештај што Европската комисија ќе го издаде за Македонија на 16-ти овој месец, како и за прашањето за името.

Ова денеска за дописникот на МИА од Брисел го потврдија од Комисијата, соопштувајќи дека е редовна пракса на Филе да разговара со политички претставници од земјите кои се наоѓаат во неговото портфолио.

– Филе и Ахмети се немаа сретнато од март овој месец, кога разговараа во Скопје. Главна тема на синоќешната средба беше претстојниот извештај на Комисијата, но и прашањето за името со Грција и други политички случувања во Македонија, потвди за МИА портпаролот на комесарот за проширување, Петер Стано.

Пред синоќешната средба со Филе, Ахмети се сретна и со поранешниот претставник на ЕУ за Косово, Питер Фејт, но и со дипломатите на земјите-членки на Унијата, во рамки на конференција организирана од Центарот за европски политики (ЦЕПС), каде главна порака што ја испрати е дека “Рамковниот договор во Македонија ќе биде цлеосно исполнет, кога албанскиот ќе стане втор официјален јазик на земјата”. Порача и дека патот на Македонија кон ЕУ и НАТО има голема поддршка кај албанската заедница, но дека поради нерешениот спор за името, Македонија не може да напредува поради што е потребно да се најде компромис за ова прашање.

Во рамки на неговата турнеја низ ЕУ, Ахмети продолжува со гостување во Париз, Франција, а потоа и во Хаг, Холандија.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија