А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФФРМ: Во Македонија треба да се работи на развој на задругарството

by А1он01/07/2017 - 14:47144
Share0

Потребно е заедничко учество и координација поради постабилно и поизразено лобирање во интерес на задругите. Зголемување на информираноста и едукацијата во однос на управување, маркетинг, но и производни технологии. Ова се дел од препораките кои Федерацијата на фармерите на Република Македонија (ФФРМ) ги упати на Светскиот ден на задругите за јакнење на задругарството во државата.

Добивај вести на вибер

Од ФФРМ наведуваат дека е потребна професионализација на тимот кој работи во задругата, посебно професионални менаџери во земјоделската задруга, усогласување на законските норми со потребите на задругите за да се поттикне развој (зголемена продажба, маркетинг, пласман) посветеност и фокус на поддршка на задругите од страна на донаторите во делот на економското здружување на земјоделците. Потребна е и промоција на женското членство и нивните еднакви придобивки и учество во донесувањето одлуки.

ФФРМ информира дека заедно со Македонската асоцијација на земјоделски задруги (МАЗЗ) во рамки на проектот „Институционална подршка на ФФРМ“, поддржан од шведската организација „We Effect“, спровеле четири едукативни работилници на кои присуствувале 19 задруги во насока на јакнење на менаџерските, маркетинг и организациски способности за развој на кооперативата.

Формирани се две фокус групи составени од мали фармери претежно млади и жени фармери во кооперативите „Еко Илинден“, од Мустафино кои произведуваат еколошки зеленчуци и кооперативата „Агро Подлог“ во Горни Подлог. Во средината на јуни ФФРМ и МАЗЗ реализирале студиска посета на која присуствувале девет коооперативи во Република Србија.

За време на посетата, како што се наведува, биле остварени средби со Задружниот сојуз на Србја и Задружниот сојуз на Војводина и биле посететни задруги за овоштарство, градинарство и задруга за трговија со земјоделски производи. Во рамки на посетата воспоставена е комуникација за понатамошна соработка меѓу македонските и српските задруги, пренесување на искуства и заеднички настапи на трети пазари.

Според ФФРМ, во Република Македонија треба да се работи на развој на задругарството, преку јакнење на капацитетите и воведување на нови технологии за производство.

Во Република Македонија постојат 32 земјоделски задруги од кои 15 отсто се жени членови во задругите.

zemjodelstvo

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кратењето 40 милиони евра субвенции за земјоделците Трипуновски го претставува како „реформа“

Предраг Петровиќ16/02/2026 - 15:40

Од локално до европско – Лидл отвора нови можности за македонското земјоделство

A1on27/06/2025 - 16:03

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Катерина Ѓуровски19/11/2024 - 13:28

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on04/03/2024 - 13:27

Градоначалникот Димитриевски бара јавно да се објави списокот на сите земјоделски концесионери со информации за плаќање на концесиски надоместок

Предраг Петровиќ05/07/2023 - 20:11

Видео: Имате запуштени ниви? Ем ќе плаќате повеќе данок ем државата ќе ви ги издава

Анита Петровска Рајковиќ27/10/2022 - 18:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен