(ВИДЕО) Фетаи: Со „Сончев град“ оштетен буџетот за еден милион и 44 илјади евра

Од:

Јавната обвинителка Фатиме Фатеаи објави нова истрага под името „Топлик“ а се однесува за оштетување на буџетот на државата од 1 милион и 44 илјади евра со тендерот за населбата Сончев град во Сопиште.

-Инволвираните сториле кривични дела со кои е оштетен буџетот на РМ со криминални дејствија, рече Фетаи и посочи дека се инволвирани седум лица од Министерството за транспорт и врски.

-Откако комисијата за јавна наддавање го информирала првоосмничениот дека не се исполнети условите за оттуѓување на земјиштето за “Сончев град“, создал нова комисија за јавно наддавање и покрај недостатоците го продал земјиштето.

Иако не биле создадени условите за јавно наддавање, почнале постапка за отуѓување на државното земјиште, доставиле објава за јавно надаавање за изградба на резиденцијална населба во Сопшите.

Во 2007 година е спроведено јавното наддавање и дале предлог со најповолен понудувач да биде склучена спогодба за продажба. Доказниот материјал укажува дека првоосоничениот иако бил свесен дека постојат недостаоци и не може министерството да ги исполни условите, склучил договор со фирмата СанСити СКопје.

Со судска спогодба бил раскинат договор зошто правното лице Сан Сити не можело да го спроведе договорот поради правни недоследности.

Во 2013 година од сметката на Министерствто за транспорт била исплатена затезна камата од 1 милион и 44.000 евра за кои директно е оштетен буџетот на Република Македонија, рече Фетаи.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов