(ВИДЕО) Фетаи: Обвиненија за дејствија поврзани со прислушувањето и насилството во Центар

Од:

Обвинителката Фатиме Фетаи на прес конференција кажа дека СЈО поднесува две обвиненија , едното за кривично правните дејствија поврзани со неовластено следење на комуникациите, а второто за демолирањето на општина Центар и за поттикнување насилство врз градоначалникот Андреј Жерновски.

– Се работи за уништување документација, за што постојат доволен број докази и затоа поднесуваме обвинение. За тоа кој вршел и со какви средства прислушувал покрај она што беше соопштено во „Тврдина“ ова обвинителство прибави материјал и за други кривични дела за да се утврди кој, зошто и како прислушувал.

Првообвинетитот, началник во УБК со шест членови извршиле незаконско уништивање на материјали.

Првообвинетиот издал усна наредба за уништување на материјалите, чија цел била да се избрише трагата за следењето на комуникациите.

Членовите незаконски формирале комисија за уништување на списите во кои имало и класифицирани документи. Наместо да ги дадат списите на овластено лице, ги запалиле списите на локација која ја посочил првообвинетитот, кажа Фетаи.

Во дејствијата учествувале седум обвинети и ќе се гонат за фалсификување на службена исправа и обвинението е поднесено против седум лица.

Вториот предмет за кој има обвинение според Фетаи е демолирањето на општина Центар ии нарачката за насилство врз градоначалникот Андреј Жерновски.

Ова обвинетелство ги прибави материјалите и по првичната анализа беше содржан разговор помеѓу двајца високи носители на извршната власт кој беше објавен од 1 јули 2013 година во 20 часот и 57 минути, рече Фетаи.

Разговорт е воден откако била закажана седница на општина Центар со дневен ред поништување на повеќе ДУП-ови меѓу кои и Мал Ринг. Беа прибавени видео записи, материјални докази и сведоци кои побараа заштита стравувајќи за себе и нивните семејства. На сведоците им овозможивме анонимност со оглед дека СЈО засега не може да даде заштита, рече Фетаи.

Обвинението е поднесено против 14 лица, 5 лица како поттикнувачи и девет лица како извршители на насилството рекоа од СЈО.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов