(ВИДЕО) Фетаи: Милошоски нарачал лустрација на кичевски судија

Од:

Антонијо Милошоски нарачал лустрација против кичевски судија. Ова го соопшти денеска обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи на прес – конференцијата на која информираше дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ е под истрага за незаконска продажба на имот во Македонски Брод на неговиот татко.

Според обвинителката, станува збор за судијата Драги Билески, кој со одлука на Судскиот совет бил времено оддалечен од судиската функција, а потоа му бил утврден и престанок на работен однос, со што му ги повредиле работните права, рече Фетаи.

Според обвинителката, постои основано сомнение дека Билески бил лустриран по нарачка на Милошоски, бидејќи сметал дека го штити градоначалникот на Пласница, Исмаил Јахоски. Тој се спротивставил на продажбата на објектот во Македонски Брод на таткото на Милошоски, бидејќи таму била сместена администрацијата на Пласница, за што реагирал во Владата. Била формирана и комисија што констатирала бројни неправилности при продажбата.

Според Фетаи, пратеник нарачал инспекциски контроли во компанијата на Јахоски – „Пуцко Петрол“, но и лустрација на судијата што сметал дека го штити.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов