Фетаи: Јанкулоска побарала мерцедесот да го користи Груевски

Од:

Јанкулоска го поттикнала помошник министерот Ѓоко Поповски екстралуксузното возило да се даде на користење на тогашниот премиер Никола Груевски бидејќи тој сакал да има такво возило, рече обвинителката Фатиме Фетаи на денешното рочиште за „Тенк“ каде се изнесуваат завршните зборови за случајот.

Според обвинителката, поранешната министерка за внатрешни работи инсистирала информацијата за набавениот мерцедес да се чува во тајност и надвор од МВР за да не го гледале вработените и јавноста.

Покрај другото, обвинителката Фетаи во завршните зборови рече дека техничките спецификации за возилото мерцедес ес600 гард претходно по пошта биле доставени до Поповски како би се направил тендер идеален само за овој автомобил исфрлувајќи ги другите конкурентски автомобили.

– Груевски, Јанкулоска и Поповски свесно ги презеле дејствијата знаејќи дека се противзаконски, рече Фетаи.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Турција почна со производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор

А1он

Несреќа во Германија: Загина млад човек додека поправал тенк

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески