Фетаи до Груевски: Многу сте расположени со оглед на тоа дека ви се ближи времето

Од:

Груевски на денешното рочиште за „шамарите во Центар“ прокоментира дека обвинителката Фетаи зборувала без да добие право на збор, по што се насмеа, откако судот рече дека таа е обвинител и и е дозволено да говори во оваа фаза.

На ова експремиерот се насмевна по што обвинителката му се обрати со зборовите:

„Многу сте расположени со оглед дека ви се ближи времето“, рече Фетаи по што настана вербална расправија откако обвинетиот Груевски и рече дека нема потреба да се грижи за неговото расположение.

По ова обвинителката Фетаи рече дека поминало времето кога никој не смеел да му возвраќа на Груевски.

По расправата судијата повика на мир во судницата, а некои од обвинетите се обратија кон јавноста со зборовите „ајде сега и ова да го објавите“.

Следното рочиште е закажано за 16 октомври каде како сведок е повикан актуелниот градоначалник на Центар Саша Богдановиќ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он