ФБ: Жална Македонија – ново реалити шоу на МТВ

Од:

Лавина реакции на социјалните мрежи за директен пренос на МТВ од лото-вработувањето на 1.600 нови надминистративци.

Еве што меѓу другото, е коментирано на ФБ:

  • Верува некој во ова? Абе луѓе купуваат гласови, избори се ближат!
  • „Лотаријата е една од најголемите манипулации за влевање надеж во народот.“ – Едвард Л. Бернајс
  • Од сега сите невработени пред МТВ ќе бараат работа!
  • А зошто и претседател и пратеници да не извлекуваме компјутерски? Може на ЛОТО поасални ќе ни паднеа?
  • Зар не е грев и на националната телевизија, мајтап со народот да си играат?
    Да не беше жално, ќе беше смешно.
  • 1.600 браќа и сестри од нашата мила Макеоднија испративме во македонските шуми
    Во некои држави сонот е да се вработиш во приватниот сектор и да заработуваш пари за нормално живеење, во некои други, пак, сонот е да те прочитаат на телевизија за да добиеш државна работа и да имаш пари за преживување.
  • Јавно избирање на тие што ќе живеат, а тие што ќе отпаднат остануваат во агонија
    Волкав психолошки режим и тортура немало ни во најцрните времиеа
    Забегано!
  • Жална Македонија – ново реалити шоу на МТВ
  • Циркузи, циркузи, лелеле мајко!
  • Слушам кај шумат шумите, играат лотарија, лотарија.
  • А ќе има ваква лотарија и за кој следен да се апси?
  • Ако ова не е садизам, не знам што е?

Понижени, жигосани јавно, сите да ги знаат, објавени на национална ТВ! Не само што со ова власта ги крши референтните законски прописи, туку ги крши и правата на апликантите кои мислеле дека аплицираат согласно закон и дека нивните податоци нема да бидат споделувани јавно. Бидејќи нашите закони не важат за власта, ова може да значи само едно – оваа држава повеќе не важи за оваа власт.

Да се нема никаква почит кон, како што тие обични ги нарекуваат, обичните лиѓе. Со име и презиме да се читаат социјално загрозените… ејјјј Зошто ова, кога аенцијата за вработување удира на тапани дека само 10‘% од реистрираните невработени активно барале работа… Ова е повеке од дрско и тажно…

Би можело да ве интересира

МТВ проверува упад во системот, реакција откако вчера немаше Дневник во центрлните термини

Катерина Ѓуровски

Тешко повредена жена во лифт во зградата на МРТВ

Почина Јулијана Тануровска, новинарка и одговорен уредник во МТВ

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Почина Слободан Трајковски, долгогодишен новинар и поранешен директор на МТВ

Ландов