Фазлиу: Училиштата и факултетите ќе бидат само објекти

Од:

Пратеникот од ДПА Беким Фазлиу кажа дека без ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ нема да може да ги донесе овие закони. Фазлиу ги праша колегите од ДУИ зашто го поддржуваат овој пакет мерки кога во нив нема ниту еден збор за Албанците и наместо да го реформира, го компромитира образовниот и академскиот систем.

– Власта прави притисок врз актерите во образовниот процес. Целта ви е да воспоставите контрола на знаењето. Училиштата и факултетите ќе бидат само објекти, а Владата ќе одлучува кој ќе знае, а кој не. Оваа Влада која има елементарен недостаток на знаење. Со овие закони се прави македонизација на образованието и се понижуваат Албанците. Го уништивте образованието токму вие, со вашите луѓе. Подалеку рацете од образованието – рече Фазлиу.

Би можело да ве интересира

Партијата на Тачи нема да одбие ако добие покана за влез во Владата

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он