Фатен осомничениот за свирепото убиство на сопругата во Гостивар

Од:

По повеќе од триесет часа потрага, полициски службеници од ОВР Гостивар го обезбедија и приведоа Б. И (67) осомничен дека вчера утрото со секира и нож си ја убил сопругата, по што избега.

Според полициски извори, тој бил фатен во близина на локален пат помеѓу гостиварските села Страјане и Трново попладнево околу 16 часот.

Со ова, ставен е крај на неизвесноста околу исходот на драматичната потрага која започна вчера утрото.

Гостиварецот, непосредно по откривањето на телото на неговата сопруга, исчезнал и според пријавата бил единствен осомничен за убиството.

Настанот ги вознемири жителите на градот, најмногу поради жестокоста и начинот на кој е извршено убиството. Според Обвинителството, шеесетгодишната Џ.И. била најдена мртва со соба од семејната куќа со повеќе рани нанесени со секира и нож. Според првичните информации, до трагедијата дошло по настаната расправија поради нарушени односи меѓу сопружниците.

Б.И. ќе биде задржан во полициската станица во Гостивар. По сослушувањето, најверојатно утре ќе биде предаден на судија на претходна постапка со соодветен поднесок, односно кривична пријава за убиство.

 

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Убиство во Гостивар, уапсен синот на жртвата

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман

А1он

Со нож ја прободе мајка си во вратот – поднесена е кривична за 27 годишникот од Росоман

А1он

Мајката на починатата Јовановска сведочи: Стојанче ја нападна Ивана и во болница

Горан Наумовски