Фатен еден од разбојниците кои во Глуво изамчуваа брачен пар и го убија мажот

Од:

Скопското обвинителство донесе наредба за истражна постапка против 52-годишен жител на Прилеп поради разбојништво со смртни последици.

Осомничениот, заедно со уште две други лица кои до овој момент не се идентификувани, на 8 ноември, минатата година, преку терасата влегле во семеен дом во скопското село Глуво, маскирани со качулки и ракавици на рацете. Ги забележала сопственичката на куќата, која веднаш го викнала сопругот. Еден од сторителите почнал да ја удира со тупаници и клоци, а сега осомничениот со другото лице влегле во собата во која бил сопругот и исто така започнале да го удираат, соборувајќи го на земја, соопшти Обвинителството.

Тројцата разбојници претурале и кршеле, пребарувајќи ја целата куќа, барајќи пари и вредни предмети. За цело време ги измачувале двајцата оштетени сопружници – жената ја боделе во стомакот со кујнски нож, а на мажот му нанеле тешки телесни повреди и како резултат на обилно внатрешно крвавење во мозокот тој починал на 19.11.2021 година.

Осомничениот и неговите соизвршители одзеле 30.000 денари, шест златни прстени и две златни алки, по што избегале од местото.

Осомничениот, веднаш по настанот, избегал во Швајцарија, од каде се вратил во земјава на 11 септември годинава и е уапсен непосредно по неговото лоцирање. Се работи за лице – сторител на повеќе кривични дела, меѓу кои и уште едно разбојништво со смртни последици, за кое бил осуден и издржал казна затвор од 15 години.

Од тие причини, опасноста од бегство и можноста да го повтори делото или да влијае врз постапката во обид да ги прикрие доказите или своите соучесници, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес