Уапсен дилер баран со потерница, две години бил во бегство

Од:

Скопјанец (44) кој бил баран со централна потерница и бил во бегство од 2024 година, утрово е лишен од слобода во Арачиново.

Како што информира МВР, С.И. бил пронајден и лишен од слобода околу 5:30 часот од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага, во содејство со Интервентната полиција.

Тој се барал со централна потерница поради кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, според член 215 став 3 од Кривичниот законик.

За делото бил осуден на пет години затвор.

С.И. е предаден во Полициската станица за општа надлежност Гази Баба за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко