Удрил во ѕид, па во полициско возило: уапсен 20-годишник од Студеничани баран за издржување затворска казна

Од:

Полицијата вчера попладне го привела 20-годишниот Б.А. од Студеничани, кој бил баран со судска наредба за издржување двегодишна затворска казна.

Како што информира МВР, на 24 август во 17:25 часот во селото Морани, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Б.А.

Претходно, тој управувал автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки и не застанал на знак за запирање даден од полицајците.

Набргу потоа, со возилото удрил во бетонски ѕид, а при движење наназад удрил и во возило „шкода јети“ во сопственост на МВР.

По приведувањето биле извршени дополнителни проверки, при што било утврдено дека Б.А. бил баран за издржување казна затвор во траење од две години за кривични дела предвидени во членовите 292 и 288 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка