ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

Од:

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека, по повеќемесечна истрага спроведена во соработка со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и надлежните служби од Косово и Грција, е сузбиена меѓународна криминална група инволвирана во транспорт на наркотична дрога.

Според МВР, на 14 август во Солун биле лишени од слобода македонски и косовски државјанин. При акцијата биле запленети 324 килограми и 474 грама марихуана, која била сокриена во товар со рециклирана пресувана хартија.

Во рамки на истрагата, полициски службеници спровеле активности и на територијата на Македонија. По наредба на надлежен јавен обвинител биле извршени претреси на повеќе локации, при што биле одземени мобилни телефони и документација.

МВР наведува дека одземените предмети ќе бидат дополнително вештачени и анализирани за обезбедување докази и целосно документирање на криминалната активност.

По завршувањето на истрагата, МВР до надлежното обвинителство поднело кривична пријава против едно лице, македонски државјанин.

Од МВР додаваат дека истрагата била реализирана во рамки на меѓународната полициска соработка со надлежните институции од Грција и Косово.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица