Евзони и натаму затворен, во Грција само преку Меџитлија и Дојран

Од:

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Премините Меџитлија (Битола) и Дојран се отворени за сообраќај.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува во Крушево.

Магла со видливост од 50 – 100 метри има на планинските премини Стража и Плетвар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Блокада на премините кон Грција поради штрајк на грчките цариници

Катерина Ѓуровски

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ