Европските социјалисти најостро ја осудуваат одлуката на претседателот Иванов и го повикуваат да го почитува Уставот

Од:

Одлуката на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, повторно да не му го додели мандатот на Зоран Заев, за кого се договорија четирите партии да биде кандидат за премиер со парламентарно мнозинство, Европските социјалисти најостро ја осудуваат и повикуваат претседателот да се придржува до Уставот на Република Македонија и да не наоѓа изговори со кои ќе го спречи Заев во преземањето на функцијата.

Потпретседателот на групата на Европските социјалисти во ЕП, Виктор Боштинару, изјави:

„Сега е јасно дека претседателот Иванов, заедно со Внатрешната македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство (ВМРО-ДПМНЕ), прави се што е во нејзина моќ, вклучувајќи и непочитување на Уставот, за да спречи опозицијата да дојде на власт. Ова е целосно неприфатливо и Европа треба да дејствува на најстрог можен начин. Најлошо е тоа што заедно тие поттикнуваат националистички чувства, што може да има непредвидливи последици. Првите знаци од нив се веќе видливи: новинари биле нападнати на протестот подржан од страна на ВМРО-ДПМНЕ; повеќе од 20 локални штабови на СДСМ беа нападнати; Пратениците на СДСМ беа малтретирани – некои од нивните куќи беа вандализирани, и постојано се следени од страна на неидентификувани лица. Претседателот Иванов и ВМРО-ДПМНЕ се одговорни за каква било ескалација на ситуацијата во земјата“.

Тонино Пицула, известувач во сенка на Европските социјалисти во Македонија, додаде:

„Сега се докажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направат се за да ја избегнат одговорноста пред Специјалното Обвинителство за нивните незаконски активности, кои сите ние можевме да ги слушнеме од прислушуваните разговори. Европа сега мора јасно да каже дека ова не е прифатливо, и да го повика претседателот Иванов да дејствува на одговорен начин за иднината на својата земја. Ние го осудуваме тоа што претседателот и ВМРО-ДПМНЕ со незаконски средства ги подгреваат етничките тензии во земјата само за да останат на власт. Апелираме до нив да го почитуваат исходот на изборите и фактот дека опозицијата, заедно со албанските партии, формираа парламентарно мнозинство“.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски