Европратенкот од Бугарија Ангел Џамбаски испрати нова провокација кон македонскиот народ, овојпат по повод 126 години од раѓањето на водачот на историското ВМРО, Иван Ванчо Михајлов.
„Легендарниот водач на ВМРО, го водеше во пресвртните години по смртта на Тодор Александров. Времиња на предавства, тешкотии и поделби и во организацијата и во бугарското општество.
Денеска лагата владее кај Вардар.
Лага која Иван Михаилов ја разоткрива илјадници пати во своето творење. Неговото име сè уште буди страв кај предавниците и србоманците во Северна Македонија, па се плука по се што е можно, а неговите зборови се извадени од контекст и ставени во служба на лагата на македонизмот.
Доброто е што има написи, интервјуа и книги во кои јасно гледаме како се дефинира Иван Михаилов, што мисли за населението во Македонија и како младите треба да се доживуваат себеси.
Со народот од Деве Баир ние сме еден народ разделен со вештачка граница.
Нашата борба за единство продолжува. Исто како што ни ветија големите водачи на ВМРО.
Поклон кон животот и делото на Иван Михаилов!“, напиша Џамбаски од бугарското ВМРО на социјалните мрежи славејќи го името на Ванчо Михајлов.