Европа единствено преку заеднички пристап може да се справи со современите безбедносни ризици

Од:

Последните терористички напади во Велика Британија се сериозна закана по безбедноста во Европа, но во овој момент во Македонија и во поширокиот регион не постои сериозна закана од таков вид, изјави денеска продеканот на Факултетот за безбедност во Скопје Никола Дујовски на отворањето на 8. Научна конференција на тема „Безбедносни концепти и политики – новата генерација ризици и закани“.

Конференцијата се одржува во организација на Факултетот за безбедност, Фондацијата „Ханс Зајдел“ и Комората на Република Македонија за приватно обезбедување.

– Лицата кои ги извршуваат таквите напади се добро етаблирани во Европа, имаат можеби одредени бази и на Балканот, меѓутоа денеска и во блиска иднина не постои посериозна закана дека во регионот би се случиле такви напади, оттаму што регионот сам по себе е мал, малите граници и градови полесно се контролираат, а и самите напаѓачи избираат за цели поголеми градови и економски центри, рече тој, но потсети на старото правило на потребата од сериозен пристап кон секоја закана.

Дујовски уште укажа на потребата од реорганизација на безбедносниот систем во државата, особено од аспект на можноста на нов бран мигранти во регионот, како и од сите нови текови што би следеле зависно случувањата на Блискиот Исток.

Марко Ломбарди од Католичкиот универзитет од Милано во врска со актуелните безбедносни ризици во светот нагласи дека тероризмот сам по себе не е толку моќен, но како феномен е доволно способен да ги искористи сите слабости во безбедносниот систем.

– Нужно е да го дефинираме тероризмот во својот политички и социјален апсект. Несомнено тој е најголемата безбедносна закана во денешницата, а со конфликтот можеме да се справиме само доколку изградиме единствен став кон него. Поради тоа честопати повторувам дека ни преостанува или да дејствуваме заеднички против него и да преживееме како Европејци или да не снема секој поединечно, порача Ломбарди.

За Садан Инан Рума, експерт по политичка економја и безбедност од Универзитет од Истанбул три се главните безбедносни ризици што го засегаат регионот, но истите важат во светски рамки.

– Првиот е економската безбедност односно стравувањата на луѓето за својата економска егзистенција, потоа физичката безбедност на поединецот во секојдневниот живот загрозена од се почестите теростистички напади и безбедносноста на луѓето од аспект на тоа колку имаат пристап до чист воздух, здрава храна и вода за пиење, работи што порано сме ги земале здраво за готово, а денеска веќе се луксуз во некои делови од светот, рече тој.

Премислав Росулек од Чешкиот универзитет укажа на потребата од разграничување на вистинските безбедносни закани од вештачки креираните безбедносни прашања.

– Поаѓајќи од Полска на север од Европа, преку Словачка, Чешка, се до Балканските држави, поточно поширокиот регион на централна и источна Европа е во сериозна криза кога се во прашање придобивките што ги дава либералната демократија. Дел од причините отпаѓаат на проблеми на Унијата како внатрешната криза во ЕУ, „Брегзит“, „Грекзит“, ирационални проблеми како што е прашањето околу името на Република Македонија, но тука е и заканата со која обединета Европа се соочува поради политиката на Москва, која се обидува да ја дезинтегрира, преку некакви пансловенски проекти, православни братства и слично, рече Росулек.

На тридневниот собир во Охрид учествуваат повеќе од 120 професори и експерти по безбедност од 15 земји од целиот свет, кои ќе презентираат стотина научни трудови од областа на реформи во безбедносниот систем, полицијата и науката, геополитиката и интеграциите во безбедноста, криминологијата и кривичното право во функција на безбедноста, криминалистички аспекти на безбедноста, владеењето на правото, демократијата и човековите права.

Научната конференција се очекува да придонесе кон дефинирањето на новата генерација ризици и закани по безбедноста, а преку размена на сознанијата со кои располагаат академската заедница и практичарите да ги разработи безбедносните концепти, стратегии и политики за справување со тој вид предизвици.

Би можело да ве интересира

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Во Скопје имало 322 земјотреса за еден месец – низ градот минува процеп, живееме ли во безбедни згради?

Одржана „Регионална школа за безбедност 2023“ посветена на влијанието на безбедносните предизвици врз урбаната безбедност

Ана Ололовска

Академијата за сајбер безбедност на АУЕ-ФОН станува атрактивна во регионот

Професор Ѓуровски: Потребни се промени на нефункционалниот систем за кризен менаџмент и заштита и спасување

Ана Ололовска

Регионална школа „Новата безбедноста агенда одговор на современите ризици и закани“

Ана Ололовска