Еврокомесарот за проширување и соседска политика на Европската унија Оливер Вархељ денеска во Брисел ќе оствари средба со претставниците на македонските Бугари, јави бугарската агенција БГНЕС.
Средбата се одржува на барање на македонските Бугари поради, како што велат, „институционална омраза и системска дискриминација“ во Македонија, како и по инцидентот во Охрид со Христијан Прендиков, кој моментално е на лекување во Софија.
Во делегацијата ќе учествуваат Петар Колев, Георги Трендафилов и Љупчо Георгиевски.