Еврејската заедница го одбележува Јом Ашоа

Од:

Еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите во Македонија денеска ќе го одбележат комеморативниот ден Јом Ашоа.

Националниот комеморативен ден на холокаустот и херојството на државата Израел се одбележува во сеќавање на востанието на Евреите во варшавското гето во 1943 година и е комеморативен ден на шест милиони Евреи убиени во холокаустот.

Комеморацијата ќе се одбележи на пладне во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во некогашното еврејско маало. Ќе бидат запалени шест меморијални свеќи и ќе биде отворање детска изложба во соработка со Министерството за образование и наука на тема „Холокаустот низ призмата на детските очи“.

Би можело да ве интересира

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска