Еве ви доказ дали Чавков има вила, гулабарник или трло на Халкидики, рече неговиот адвокат

Од:

Адвокатот на осудениот поранешен директор на БЈБ, Митко Чавко, Сашко Дуковски, на јавна седница во скопскиот Апелациски суд за мерката притвор, му достави извод од катастарот на Халкидики со која, како што рече, се потврдува дека Чавков таму не поседува вила, што беше една од основите за определување на оваа мерка.

„Полицијата се користи со небулози“, рече Дуковски и објасни дека првиот пат одлуката за притворот, наместо суедчкиот совет, ја донел кривинчниот совет на скопска единица.

„Семејството беше трудољубиво. Извадивме од катастарот на Халкидики документ, тоа е извод, јавна исправа од која се гледа дека Чавков дали има или нема вила на Халкидики, гулабарник, трло…”, рече Дуковски.

Адвокатот кажа дека за неговиот клиент постојат две мерки за обезбедување, одземен пасош и обврска за јавување во судот. Дуковски пред судот појасни дека за Чавков е понудена висока активна правосилна гаранција од 600 илјади евра во недвижен имот.

Адвокатот рече дека е сигурен оти судот ќе ја одбие жалбата на Чавков, но дека предметот ќе заврши во меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

„Македонија е казнета во Стразбур за предметот „Змиско око“ за формално донесени решенија за притвор“, рече Дуковски.

Адвокатката на осудениот Горан Ѓошевски Леви, Ружица Николовска, рече дека има двојна судска пракса, бидејќи во предметот „Труст“, каде што беше осуден Сеад Кочан, за него имала активна гаранција, поради која, за него не бил побаран притвор.

Вишата јавна обвинителка, Наталија Тасевска, рече дека останува на тоа за обвинетите да останат определените мерки за обезбедување присуство до правосилноста на пресудата.

Во скопскиот Апелацискиот суд, се одржа јавна седница за притворот што им го определи Кривичниот суд на осудените за собраниските насилства од 27 април 2017 година до правосилноста на пресудата. Судија известител на петчлениот совет е Енвер Беџети.

На 15 март, првостепениот суд осуди 17 обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на вкупна затворска казна од 211 години. Жалби поднесоа Митко Чавков, Горан Ѓошевски Леви, Никола Митревски Кољо, Абдулфета Аљими, Душко Лазаров и др.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска

СДСМ: „27 април“ е најцрниот датум во историјата на македонската демократија