Евангелие по ТодороФ

Од:

Да почнеме од самото постоење на оваа целокупна приказна со здравството , имаш квалитетно здравство, па имаш климаво здравство, па имаш лошо здравство и на крај имаш катастрофално здравство. И си велиш, вака па како е тоа можно ? Сме имале воспоставување на држава, сме имале транзициски период, сме имале рецесивни промени и на крај си имал ПОМОР.

Е сега, опишавме и прикажавме периоди, а анализата е следна. Се е тоа додека нешто градиш, менуваш, приспособуваш и на крај земаш и почнуваш да уриваш, велејќи дека само ти си во право и само ти знаеш СЕ. Грешката е многу катастрофална не само за нас внатре во казанот туку и за сите оние кои од надвор гледаат и сигурно велат, леле боже нека само еден Господ им е напомош бидејќи ова никаде не води. Па добро, ние во 21 век имаме проблеми со кои модерните држави се справувале уште во 1903 год. Дали некој сака овде свесно да се соочи со проблемите или пак повторно некој сака да “пере мозок“? Веќе се прашувам кому ќе “пере мозок“?

Секој сака да прикаже интелект, знаење, познавање на проблематиката и тематиката, да остави трага зад себе, но некој тоа го прави несмасно и трапаво и крајно невкусно зошто не знаеме никој. Ова не е видео игра овде се животи во прашање. Овде сме сведоци дека тоа се прави како на кој ќе му текне. Гаф до гаф, смешка до смешка и на крај кој го тегне најдебелиот крај? Се знае, народот.

Е па народе, ситуацијава почнува да кулминира, а ние од лекарската фела, барем малкумина сакаме да не биде така и толку лошо па пробуваме да кренеме глас и да ја подосвестиме ионака малку останатата и заспаната испрана свест и да разбудиме разум и да повикаме на достоинство кое на секого му е најбитното нешто барем за идните поколенија да не запаметат како што треба а не на нас да гледаат со срам и презир.

Добро, прашувам повторно што требаше да се случи за да министерот за здравство поднесе оставка ??? Да почнат да паѓаат бугарски вакцини од небо? Да се урне покривот на некоја болница и да убие многу пациенти? Да се случи епидемија? Мислам дека и тоа да се случеше немаше да даде оставка. Министре требаше да бидете човек и да дадете оставка па подоцна вашите челници и претпоставени да не ви ја прифатеа оставката бидејќи сте заслужни за нешто, барем нешто какво и да било во вашето досегашно делување, ама пусто стегање на некој орган не ви даде да го направите тоа… Во другите држави во регионот, а и пошироко да не набројуваме, дури и за грешка на своите советници или помошници или тесни соработници даваат оставка вие и тоа не го направивте, сменивте анонимуси за да вашето оправдување е на место, тие грешеле не вие, вие знаете се, тие се само човечиња и анонимуси. Демохристијанска опција застапувате, а немате ниту демократски ниту христијански момент изведено во вашето делување со што се поставува прашање дали и каква опција застапувате. Се претставувате за градител и за унапредувач на здравството ама дали е така? Епа има некој прашања што ние лекарите сакаме да ги поставиме во овие тешки моменти за нашето здравство.

Најавени се градења на слободни здравствени зони за развој на здравствениот туризам. Па министре, дајте објаснување за тоа на нашиот народ па и на нашата фела што тоа значи?

Предложениот непристоен предлог е тој кој што ќе му го зададе смртоносниот удар на здравството? Слободни здравствени зони, со кои наводно би развивал здравствен туризам,се работи ли за огромен општествен скандал кој како колатерална штета би го уништил и онака кревкиот здравствен систем во Македонија. Странските инвеститори кои ќе ги градат болнците ќе бидат ослободени од сите можни давачки, вклучувајќи давачки при градба, персонални даноци за вработените, и најкоруптивно – данок на добивка во период од 10 години? Сите овие давачки ќе бидат платени од страна на секој македонски граѓанин, со директно пикање во џебот на граѓаните? Државата потроши стотици милиони евра за набавка на медицински апарати и потрошен медицински материјал и истовремено и бројните приватни болници се опремија со апаратура и со материјали за кои што си ги платија сите трошоци. Прашуваме, зошто за овие нови болници, поволните даноците и царините за набавка на медицински апарати и потрошни материјали ќе ги плаќаат сите жители на државата? И тоа замислете, во период од цели 10 години!? Дали вашата најголема инвестиција во здравството, во болниците за нивна доградба, санација, модернизација, со отварањето на новите здравствени туристички болници ќе значи нови ненаменски потрошени народски пари и смрт за постоечките народни болници?

Кадарот министре што се фалите дека е обучуван во странство дали и него ќе го активирате во новите болници? Одговорете на народот и на лекарската фела што се ова ќе значи и да нема последици за сите граѓани на Македонија. Или ова е уште една популистичка дивијантна идеја за ИЛУЗИЈАТА да биде уште поголема и пак повторно да пробате да си ги покриете сите недостатоци за кои и досега се направија од ваша страна.

Евангелието е пишано и се следи со векови ама да е исправно и правилно читано и толкувано а нечието нечесно и лаичко Евангелие може да биде еден ден прогласено и за ерес.

Д-р. Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска