А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕурАктив: Тринаесет земји на ЕУ бараат да се отворат преговорите со Скопје и Тирана

by А1он11/06/2019 - 18:06322
Share0

Тринаесет земји-членки на ЕУ, воглавно нови членки од Централна и Источна Европа, Австрија и Италија, изготвија нацрт документ со цел да го оживеат кредибилитетот на политиката на проширување на Унијата, пред се кога станува збор за Западен Балкан. Документот, кој има форма на „нон-пајпер“, би требало да биде презентиран на состанокот на амбасадорите на ЕУ на 12 јуни во Брисел.

Добивај вести на вибер

Зад документот стојат Естонија, Литванија, Латвија, Чешка, Полска, Словачка, Унгарија, Бугарија, Италија, Австрија, Хрватска, Словенија и Малта, објави ЕурАктив Белград (Меѓународна Интернет мрежа на агецијата Бета, посветена на активностите на ЕУ).

-Идејата е да се иницира покана за отворање на преговорите за пристап со Северна Македонија и Албанија, изјави за ЕурАктив неименуван дипломат од една од земјите вклучени во иницијативата.

„Тоа е и форма на притисок, која треба да укаже дека дилемата – дали ни е потребно прво зајакнување на ЕУ, а дури потоа проширување, е лажна и погрешна. Ако овие два процеса не одат рака под рака, ЕУ наскоро повторно ќе се соочи со Западниот Балкан, но за жал, на начин кој ќе биде многу пообемен и болен за двете страни“, објаснил дипломатот.

Европската комисија формално препорача отворање преговори со Скопје и Тирана, но оваа одлука треба да ја потврдат сите членки на Европскиот совет.

-Се потешко е да се разбере оваа лажна дилема, бидејќи станува збор за отворање преговори, а не само за проширувањето. Запад очигледно ова не може да го разбере, изјавил дипломатот за ЕурАктив.

eukosovomakedonija

Би можело да ве интересира

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 20:33

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 15:5027/03/2026 - 20:03

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто