ЕУ загрижена за потегот на Иванов, изразува поддршка на СЈО

Од:

Европската унија пројави сериозна загриженост за денешната одлука на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да ги помилува сите лица што се вмешани во незаконското следење на комуникациите што последните две години ја втурна Република Македонија во сериозна политичка криза, јави дописникот на МИА од Брисел.

Европската дипломатска служба на Федерика Могерини, предмалку преку портпаролката Маја Коцијанчиќ, реагираше на одлуката на Иванов, изразувајќи сериозна загриженост за одлуката, повикувајќи ги сите страни да избегнуваат потези со кои ќе ги стават во ризик досега вложените напори за смирување на тензиите во земјата.

– БЈР Македонија се посвети на промовирање на владеењето на правото и борбата против неказнивоста. Наспроти ова, денешната одлука на претседателот Иванов за помилување на голем број на службеници покренува сериозна загриженост. Тоа се случува во време кога сите страни треба да бараат начини за зачувување на Договорот од Пржино. Ние ги повикуваме сите страни да избегнуваат интервенции што носат ризик од поткопување на со години вложените напори во земјата, а со поддршка на меѓународната заедница за зајакнување на владеењето на правото, истакнува портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчиќ.

Таа во име на ЕУ изрази поддршка на работата на Специјалниот обвинител во Македонија.

– Важно е да се поддржи работата на Специјалниот обвинител и нејзиниот тим основана од страна на Парламентот како дел од Договорот за Пржино и да продолжат да ги истражуваат сериозните проблеми што беа изнесени минатата година. Исто така, еднакво важно е да се подготват за веродостојни избори за одржување на земјата на патот на евроатлантската интеграција. Од суштинско значење е сите партии да се вратат на дијалогот и да се најде заеднички договор кој ќе им служи на граѓаните, ја пренесе Коцијанчиќ пораката на Европската унија.

Претходно, еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, истакна дека „денешните потези на претседателот Иванов не се во линија со моето разбирање за владеењето на правото“, притоа изразувајќи сомнеж дека на 5 јуни е можно да се организираат „кредибични избори“.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски