А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Видео Македонија

ВИДЕО: ЕУ преку „Жан Моне“ ќе ги смирува македонската власт и опозиција

by А1он10/11/2017 - 13:3510/11/2017 - 18:03262
Share0

Европскиот пратеник Иво Вајгл денеска пред македонската јавност го презентираше проектот на Европскиот парламент насловен „Жан Моне“ кој што треба да овозможи отворен разговор меѓу сите македонски партии и Европскиот парламент.

Добивај вести на вибер

– Институтот „Жан Моне“ овозможува интеракција помеѓу Европскопт парламент и Националниот парламент на Република Македонија. Со отворена дебата можат да се надминат проблемите, рече европратеникот.

Вајгл напомена дека „Жан Моне“ не е замена за Пржинскиот договор и неговата цел е подобрување на функционирањето на Парламентот.

– Во мојот претстој во Македонија почувствував позитивна енергија помеѓу партиите односно меѓусебно разбирање дискусија и желба државата да тргне напред, кажа Вајгл.

Европратеникот изјави дека за ЕУ е важно да знае како се одвиваат работите во Македонија и истакна дека ЕП го поддржува проширувањето на Европската унија.

– Важно е што Македонија ги започна промените и спроведувањето на овие реформи ќе помогне за отпочнување на разговори за влез на земјата во ЕУ, рече Вајгл.

Toj кажа дека иако сите извештаи од Република Македонија не се разгледуваат во ЕП, сепак грижата на ЕУ е Македонија да остане сфера на интерес.

Првиот разговор Иво Вајгл рече дека треба да се одржи при крајот на јануари наредната година во Франција, во куќата на Жан Моне.

На новинарското прашање како би присуствувале сите партии на оваа дебата, кога некои од лидерите, конкретно на Никола Груевски му е одземена патната исправа, Вајгл одговори дека на разговорот не мора да присуствува лидерот, туку само еден координатор од пратеничката група на партиите, еден член и еден службеник.

Во врска со „крвавиот“ четврток, европратеникот рече дека не секогаш различното мислење на политичкиот опонент значи дека имате непријател и дека 27. април е болно искуство за сите, за што партиите ја научиле лекцијата и сега се спремни да разговараат меѓу себе.

Виктор Јованов

epeuzan mone

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:14

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:13

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Горан Наумовски19/02/2026 - 06:48

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:14

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:13

Бабиш ја повикува Европа да започне мировни преговори со Путин

Горан Наумовски08/02/2026 - 18:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен