Десетици демонстранти со фантомки со камења и други предмети ја нападнаа полицијата, по што и физички се обидоа да ги повредат. Им од земаа и штитови со кои потоа фрлаа над нив. Лицата со фантомки се во првиот ред на собраните граѓани кои протестираат поради казните изречени во случајот „Монструм“.
Организаторите стоеја на страна и гледаа. По тоа, молеа да престанат со насилство и да е повлечат. Но, по краток период, лицата со фантомки повторно се обидоа да удрат по полицајците.
Такви се десетици присутни, кои во континутитет маваат по полицајците. Неофицијално, има и повредени.
На протестот се носат плакати со ликовите на обвинителите Вилма Русковска, Фатиме Фетаи, Љубомир Јовески. Се протестира со албански и американски знамиња.