Есента доаѓа во недела

Од:

Есента на северната хемисфера на Земјата календарски почнува на 22 септември (недела) во 22 часот и 44 минути. Истовремено на јужната полутопка ќе настапи пролетта.

Есента ќе трае 90 дена и ќе заврши на 21 декември во 18 часот и 11 минути.

На денот на почетокот на есента Сонцето ќе изгрее во 6 часот и 27 минути, а ќе зајде во 18 часот и 38 минути.

Во моментот на доаѓањето на есента Сонцето ќе биде оддалечено од Земјата 150.122.034 километри, а тоа растојание сончевите зраци до планетата ќе го поминуваат за 8 минути и 21 секунда.

На првиот есенски ден времето во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска