Емил Димитриев „извиси“, откако побара некои членови да одморат

Од:

Досегашниот генерален секратар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев остана и без функцијата генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а повеќе не е ниту член на Извршниот комитет. Нов генерален секретар на партијата е директорот на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски.

Токму Димитриев во интервју за Макафакс оваа недела кажа дека во партијата е неопходно освежување и ги најави промените во ИК.

-Јас лично поддржувам освежување во партијата со кадри што заслужуваат да им се даде шанса. Знаете, ВМРО-ДПМНЕ е партија која долго е на власт, има луѓе што десетина години беа министри, тие веќе се изморени и треба да одморат. Партијата е жива материја која одвреме-навреме треба да се освежува за да ги подобри своите перформанси,“ рече Димитриев.

Тој не се најде на листата на членови кои остануваат во Извршниот комитет, како што се Илија Димовски, Антонијо Милошоски, Влатко Ѓорчев, Коце Трајановски, Никола Попоски, Никола Тодоров, Даниела Рангелова, Владимир Нелоски, Нермин Теловска и Зоран Савевски.

Во новиот Извршен комитет го нема ниту Мартин Протогер, Миле Јанакиески, Зоран Ставревски, Владимир Пешевски, Гордана Јанкулоска. Во новиот состав очекувано, не е ниту Сашо Мијалков кој самиот донесе одлука да ги замрзне сите функции во партијата се до завршувањето на судските случаи кои против него ги поведе СЈО.

Листата на нови имиња во ИК на ВМРО-ДПМНЕ е креирана со цел да им се даде на тежина на некои од новите членови за кои е испланирано да бидат кандидати на претстојните локални избори.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166