Електронското и печатеното издание на Службен весник од утре со еднаква правна важност

Од:

Од утре стапуваат во примена одредбите од Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во Службен весник на Република Северна Македонија кои се однесуваат на електронското и на печатеното издание на ова гласило.

Во нив е пропишано дека електронското и печатеното издание на Службениот весник на РСМ ќе имаат ист текст и содржина и еднаква правна важност.

– Доколку се појави неусогласеност помеѓу текстот и содржината на електронското и печатеното издание, за точен, односно правно важен, ќе се смета текстот објавен во електронското издание, соопшти ЈП Службен весник на Република Северна Македонија.

Во согласност со измените, законите и другите прописи се објавуваат во печатеното и во електронското издание на Службениот весник, кое содржи електронски потпис и печат, со што се гарантира неговата идентичност и автентичност со печатеното издание и е објавено на веб-страницата на ЈП Службен весник на Република Северна Македонија.

Законот за изменување и дополнување на Законот за објавување на законите и на другите прописи и акти во Службен весник на Република Северна Македонија е објавен во Службениот весник бр. 21 од 27 јануари 2021.

Би можело да ве интересира

Електронското издание на „Службен весник на РСМ“ доби официјален карактер

Ана Ололовска

ЈП Службен весник одвои 1,6 милиони евра и ги уплати во Буџетот како помош за справување со кризата

Ана Ололовска

Бесплатен електронски пристап до објавените Уредби со законска сила на веб-страницата на Службен весник

Ана Ололовска

Службен весник за време на вонредна состојба само во електронска форма

А1он

ЈП Службен весник одбележува 75 години

Ана Ололовска

Во Службен весник објавен Законот кој овозможува докуп на стаж за пензија